Кизиќ претставен во Пелистер – Амбициозниот проект на клубот беше главната причина да дојдам во Битола

Суперлигашот Еурофарм Пелистер официјално го претстави Марио Кизиќ за свој нов ракометар. Младиот голман вели дека најголема причина за неговото преминување во Пелистер е амбициозниот проект на клубот.

„Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе. Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб,. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува“, изјави Кизиќ. 

Се вчитува...