Кизиќ: Штета што не одиме понатаму со повеќе бодови

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Марко Кизиќ денеска ја доби шансата да брани на цел натпревар, откако селекторот Кирил Лазаров се одлучи да го одмори Никола Митревски.

Кизиќ имаше одличен настап во победата над Гвинеја, и самиот тој е задоволен од овој триумф, и жали што Македонија не оди во следната фаза со повеќе бодови.

„Одличен меч. На почетокот бидејќи ми е прв старт бев во грч. Поддршката од трибините ми помогна да се опуштам. Влеговме во ритам и одигравме одличен меч. Се чувствуваме одлично. Штета што не одиме со повеќе бодови. Имаме одлична атмосфера. Ја совладавме првата цел, а сега одиме чекор по чекор”, изјави Кизиќ.

Се вчитува...