Кјелини: Да ја победевме Македонија, ќе останев во Јувентус уште една година

Џорџо Кјелини се збогуваше од Јувентус откако објави разделба од клубот каде што ги мина најголемите успеси во кариерата. Искусниот дефанзивец ќе се пресели во САД и ќе го носи дресот на Лос Анџелес, но не крие дека работите ќе биле многу поинакви доколку не беше шокантниот пораз на Италија од Македонија во баражот за СП 2022.

Имено, желба на Кјелини беше репрезентативната кариера да ја заврши на Мундијалот во Катар, но тоа падна во вода со поразот од Македонија.

„Да ја победевме Македонија и се пласиравме на СП 2022, тогаш сигурно ќе останев во Јувентус уште една година. Имавме постигнато и договор, но се падна во вода по тој пораз во Палермо“, истакна Кјелини.

Се вчитува...