По речиси две децении играње за Јувентус, Џорџо Кјелини пред крајот на својата играчка кариера се реши за преселба во САД, каде што ќе го носи дресот на Лос Анџелес.
Италијанскиот дефанзивец откри дека легендарните Пирло и Неста го советувале на ваков чекор.
„Сигурен сум дека го избрав совршениот клуб за себе во овој момент. Пред одлуката разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста и тие ми рекоа дека треба да дојдам во МЛС. Очигледно е дека има разлики. Фудбалот тука се игра поинаку од оној во Серија А, но секој тим има свој стил. Овој тим е совршен за мене, бидејќи има многу млади играчи. Нивниот младешки ентузијазам и моето искуство се совршена мешавина за напредок на клубот“, изјави Кјелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА