Кјелини: Италија заслужено победи на ЕП, почувствувавме некаква магија уште на почетокот на ЕП – Ова е сензација!

Капитенот на италијанската репрезентација Џорџо Кјелини беше воодушевен што ја освои европската титула со победата над Англија откако победникот се решаваше преку изведување на удари од белата точка.

Одличниот дефанзивец истакна дека неговите соиграчи ја заслужиле оваа победа, па потенцираше дека ова е сензација.

“Мислам дека заслуживме да победиме. Чувствувавме нешто магично во воздухот. Рековме дека од почетокот на мај можеме да го направиме ова и верувам дека ја заслуживме титулата. Цела Италија ја заслужува. Ова е сензација, благодарам на секој што беше дел од овој тим во последните три години. Клучот на овој натпревар беше да уживаме во играта. Сакавме да го контролираме мечот и поседотот на топката. Иако дозволивме да примаме гол уште на почетокот од овој дуел, доминиравме до крајот и сакавме да победиме по секоја цена“, заклучи Џорџо.

Се вчитува...