Кјелини: Јувентус ни даде толку многу и време е да му се оддолжиме

Капитенот на Јувентус Џорџо Ккелини објави дека тој и неговите соиграчи во последно време му останале должни на клубот. Јувентус во моментов е само седми во Серија А, откако синоќа ја совлада Салернитана на гости со 2-0.

37-годишниот дефанзивец призна дека тренерот Масимилијано Алегри успеал да ги мотивира сите со своите зборови пред натпреварот.

„Клубот ни даде толку многу и време е да му се оддолжиме. Тренерот не натера да сфатиме што точно се очекува од нас. Игравме напорно и победивме. Мора да бидеме одговорни и да се стремиме да направиме нешто исклучително на теренот“, додаде ветеранот во редовите на Јувентус.

Се вчитува...