Кристијано Роналдо беше еден од оние кои го одбележа летниот преоден рок за годината 2021 откако замина од Јувентус и по 12 години се врати во редовите на Манчестер Јунајтед.
Португалскиот ас пристигна во „старата дама“ како последна коцка од сложувалката во походот на титулата во Лигата на Шампионите, но откако не успеа да го донесе „ушкото“ во Торино замина од Италија, а многумина го оценија овој потег како предавство.
На оваа тема сега говореше и Џорџо Кјелини кој вели дека на Роналдо му бил потребен нов предизвик и дека доколку заминел порано ова лето ќе било и подобро за Јувентус кој тогаш би имал време да се прилагоди на промената.
„Почнавме програм за обновување на Јувентус, нов почеток. Доколку Роналдо останеше ќе ни донесеше и дополнителен квалитет на овој тим и нормално дека ќе го користевме, но тој повеќе размислуваше за сегашноста, а не за иднината. Замина на 28. август, а ќе беше подобро да заминеше порано. Неговата одлука предизвика шок и тоа се одразува сега со загубените бодови. Да заминеше на 1. август ќе имавме повеќе време да се подготвиме за се“, изјави Кјелини кој потоа додаде:
„Во односот со Кристијано дојдовме до точка до која на нему му беше потребен нов предизвик, како и тим кој ќе игра за него. Тој е „убиец“ кога ќе се најде во таква екипа. Го покажа тоа во последните два месеци, како и претходните три години додека беше со нас“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА