Планот му беше да се прости од италијанскиот дрес на Мундијалот во Катар, но репрезентацијата на Македонија ги расипа плановите на италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини. Стоперот на „аѕурите“ потврди дека против Аргентина на Вембли ќе биде неговиот последен настап за Италија.
Токму на Вембли, Кјелини го доживеа врвот на репрезентативната кариера освојувајќи ја титулата европски прва минатата година.
„Ќе се простам од репрезентацијата на Вембли на натпреварот со Аргентина, на стадионот на кој го доживеав врвот на репрезентативната кариера со освојувањето на пехарот од Европското првенство. Сакам да се простам со убав спомен“, рече Кјелини.
Дефанзивецот одигра 116 натпревари за Италија, и се наоѓа на петтото место на вечната листа заедно со Андреа Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА