Кјелини не жали за заминувањето од Европа: Сигурен сум дека го направив вистинскиот избор

Италијанскиот дефанзивец, Џорџо Кјелени се одлучи да ја Европа и Италија и да се пресели во САД каде потпиша за МЛС составот на Лос Анџелес (LAFC).

Со ова Кјелини ја одложи својата пензија, односно покажа дека се уште е гладен и сака да се натпреварува, да ужива во фудбалската игра.

„Имаме добар тим овде, ова е голем град. Убеден сум повеќе од кога било дека го направив вистинскиот избор и дека ќе уживам во сегашноста додека размислувам за иднината. Уживам со ентузијазам и мир и без жалење“, изјави Џорџо.

Се вчитува...