Кјелини нема да игра против Милан, Бенатија ќе добие шанса

Тренерот на актуелниот шампион на Италија, Масимилијано Алегри, потврди дека Џорџо Кјелини ќе го пропушти утрешниот натпревар против Милан, во рамките oд 28.коло од Серија А.

Репрезентативецот на Италија очигледно се уште се оправува од повреда на бутниот мускул, а шанса ќе добие Мехди Бенатија пред младиот Ругани. Позајмениот играч од Баерн Минхен има минимална предност пред Ругани и Барѕалји, но сѐ ќе се знае утре кога Алегри ќе одлучи дали ќе стартува со двајца или тројца централни дефанзивци.

„Кјелини дефинитивно ќе го пропушти утрешниот меч. Не знам дали ќе биде подготвен за Порто, но утре друштво на Бонучи ќе му прави една од трите опции, а тоа се Бенатија, Барзалји и Ругани. Бенатија мометно е најподготвен, па најверојатно тој ќе го започне натпреварот“ – изјави Алегри на денешната прес-конференција.

Квадрадо ќе го пропушти мечот поради суспензија, додека кај „росонерите“ ќе недостасува Бонавентура.

 

Се вчитува...