Киелини откри што им говорел Манчини на фудбалерите

Дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини, вели дека се остварува сонот на селекторот, Роберто Манчини, кој три години наназад ги „убедувал“ репрезентативците дека можат да бидат европски шампиони.

Ветеранот во изјава за медиумите искрено зборуваше, па кажа дека Манчини за него бил луд, имајќи предвид дека Роберто своите фудбалери ги убедувал дека еден ден ќе бидат шампиони на Европа.

„Кога ни рече дека треба да размислуваме за титулата ЕП 2020, мислев дека е луд, но, сега сме на еден сантиметар од трофејот. Мислевме дека ќе се сретнеме со Франција а не со Шпанија во полуфиналето. Тие беа големи фаворити затоа што имаат класа и искуство. Мислев дека Франција е едно ниво над другите, замислив дека нашиот пат до финалето ќе биде Белгија, Франција, Англија“ – потенцираше дефанзивецот на Италија.

Се вчитува...