Кјелини: Роналдо е супер, се сонча на балкон

Кристијано Роналдо има коронавирус. Оваа вест ги шокираше фановите на Португалија и на Јувентус. Фудбалската ѕвезда мораше да замине во изолација, а дефанзивецот на „старата дама“, Џорџо Кјелини, капитенски ја смирува ситуацијата и вели дека Роналдо се чувствува одлично.

„Зборував со Кристијано, тој е супер и се сонча. Ќе се врати кога ќе е подготвен. Убаво нека одмори затоа што следните неколку месеци ќе бидат многу тешки за нас“, изјави Кјелини.

Тој вели дека Серија А не смее повторно да запре. Тоа би било погубно.

„Има повторно ескалација на коронавирусот, но мораме да продолжиме, да ги преземеме сите мерки. Едноставно не смееме да сопреме. Првата причина е економска, фудбалот е голема и важна индустрија, а секако има и социолошка улога“, дополни капитенот на Јувентус.

Се вчитува...