Џорџо Кјелини е најновиот член на листата на повредени италијански фудбалери пред квалификацискиот натпревар со Швајцарија.
Искусниот дефанзивец не настапи на последниот меч со Фиорентина, тренираше инвидидуално во изминатите два дена, но последните детални лекарски прегледи донесоа лоша вест за селекторот Манчини. Кјелини има повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира најмалку две до три седмици, по што е јасно дека тој нема да може да настапи против Швајцарија.
Пред асот на Јуве, поради повреда за настап на овој меч отпаднаа и Верати, Имобиле, Заниоло и Пелегрини.
Повредата на Кјелини е лоша вест и за Масимилијано Алегри, ако се знае дека одличниот одбранбен фудбалер ќе пропушти најмалку три средби на „старата дама“. Тој нема да биде во комбинација за дерби-средбите со Лацио и со Аталанта, а ќе го пропушти и дуелот од ЛШ против Челси. Камбекот на Кјелини според првичните информации се очекува на дуелот со Салернитана закажан за 30 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА