Џорџо Кјелини по цели 17 години се збогуваше од Јувентус, но искусниот дефанзивец одлучи да не се пензионира и да ја продолжи фудбалската кариера во САД.
Ветеранот наскоро ќе потпише договор со Лос Анџелес ФЦ од МЛС-лигата. Дефанзивецот моментално е со италијанската репрезентација, а вечерва против Аргентина на „Вембли“ ќе го одигра и својот последен натпревар за националниот тим.
Италијанецот се очекува потоа да ги заврши финалните преговори со американскиот тим, а ќе му се приклучи по неколку недели одмор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА