Кјелини успешно опериран, ќе паузира најмалку шест месеци

Италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини мораше да замине на операција откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото. Оперативниот зафат мина во најдобар ред, а Кјелини ќе мора да мине низ долг рехабилитациски процес до враќањето на фудбалските терени.

„Ќе се вратам посилен од било кога“, порача Кјелини од клиниката по успешната операција.

Доколку се биде в ред со рехабилитацискиот процес, тој би можел да се врати на терените пред крајот на сезоната, во април.

Се вчитува...