Полскиот шампион Кјелце стигна до голема победа на гостувањето во Германија кај Фленсбург од 25-33 во 11. коло од групата Б во ракометната Лига на шампиони. Полјаците уште од самиот старт беа подобар противник, па добрата игра во првото полувреме ја материјализираа со плус два на пауза (14-16).
Во вториот дел избраниците на Талант Дујшебаев продолжија во ист стил одигрувајќи неверојатно во фазата на напад. Разликата растеше за на крајот да стигнат до конечни 25-33. Феноменален на голот на Кјелце беше германскиот голман Андреас Волф кој мечот го заврши со 16 одбрани. Најефикасни во победничкиот табор беа Карачиќ и Наи со по шест гола, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Емил Јакобсен.
Со оваа победа Полјаците остануваат на врвот на табелата во Б сегментот со 16 бода, односно три повеќе од второпласираниот Веспрем. Фенсбург останува на петата позиција со девет бода и веќе неговиот пласман во осминафиналето доаѓа до знак прашалник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА