Кјелце го совлада ППД Загреб во последниот меч на Дибиров во ЛШ

Ракометарите на Kјелце некако успеаја да се пласираат во нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако вечерва во последното коло од групната фаза славеа на гостувањето кај ППД Загреб со 26-27.

Kaдах и Наи со по пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај Загреб Главаш постигна исто така пет гола. Овој натпревар беше последен во Лигата на шампионите за легендарниот руски ракометар Тимур Дибиров кој во кариерата единствените две титули во Лигата на шампионите ги освои со нашиот Вардар.

На Кјелце од рака им одеше тоа што нивниот директен ривал за пласман во нокаут фазата, Колштад загуби на гостувањето кај Барселона со убедливи 36-27. Во последниот меч во програмата од 18.45 часот, Магдебург славеше против Пик Сегед со 31-24.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...