Вицепрвакот во Лигата на шампионите, полски Кјелце и освојувачот на Лигата на Европа, португалска Бенфика добија специјална покана за настап на Супер глоуб 2022.
Светската ракометна федерација одлучи вајлд картите за турнирот на континенталните шампиони да им ги додели на овие два тима. Така Кјелце и Бенфика им се приклучија на Магдебург и Барселона кои во Саудиска Арабија ќе ја претставуваат Европа.
Ал Ахли од Египет ќе биде претставникот на Африка, а екипата на Ал Кувајт како победник на Азискиот шампионат ќе ја претставува Азија.
Домашната Саудиска Арабија ќе има два клуба престатвника, но се уште не се знае кои ќе бидат. Од Јужна Америка доаѓа екипата на Таубате од Бразил, од Океанија доаѓа Сиднеј Универзитет, а непознаница е и уште и претставникот на Северна Америка и Кариби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

