Талант Душебајев се соочува со нов проблем во пресрет на неделниот дуел со Вардар откако стратегот на Кјелце остана без помошта на уште еден стандарден првотимец. Станува збор за Хрватот Матеј Мамиќ, кој извесно време беше повреден, пред една седмица се врати назад во тимот, но ја обнови повредата и сега повторно ќе мора да паузира извесно време од терените.
„Јас сум виновен за тоа што се случи. Иако мојот став беше дека Марко треба да паузира до крајот на месецов, слушам премногу луѓе и сега скапо платив за нивниот совет. Иако други ме советуваа, јас сум тој што ги носи одлуките и затоа јас сум виновникот, искрено ми е жал што сега Мамиќ ќе мора да пропушти уште неколку натпревари“ – изјави тренерот Талант Душебајев.
Покрај Мамиќ, стратегот на Кјелце нема да може да смета ниту на Јуркиевич, Кулеш и Бис, кои дефинитивно ќе го пропуштат дуелот со Вардар закажан за недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА