Кјелце повторно пободар од Пик Сегед, Целје му се реваншираше на Елверум

Полскиот шампион Кјелце и вторпат сезонава беше подобар од унгарскиот првак Пик Сегед овојпат на гостински терен со 28-31 како дел од натпревар од 9. коло во ракометната Лига на шампиони.

Полјаците одиграа подобро во првиот дел и веќе на пауза имаа позитива од три гола (13-16). Оваа разлика успеаја да ја задржат до самиот крај за конечен триумф од 28-31. Аркадиуш Морито со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бомбач заврши со шест погодоци.

Полскиот Целје му се реваншираше на норвешкиот Елверум откако во првиот меч загуби на гостувањето во Скандинавија. Овојпат Словенците го искористија домашниот терен и на крајот славеа со 29-26. Најдобар поединец кај победникот беше Алекс Влах со 11 гола, а кај поразените Даниел Бломгрен заврши со шест.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...