Екипата на Кjeлце запиша важна победа над Веспрем од 36-35 во 11. коло од Лигата на шампионите со што остана во игра за пласман на водечките позиции на табелата во групата.
И покрај добриот старт на полскиот тим, Веспрем на полувреме замина со предност од 17-19.
Вистинска драма се случува во второто полувреме, кое на крај му припадна на Кјелце за триумф од 36-35. Алекс Душебаев и Јарошевиќ дадоа по шест гола за домашните, а кај Веспрем, Елсајед постигна девет гола.
Фуксе Берлин триумфираше со 27-21 против Динамо Букурешт. Одличен беше голманот Дејан Милосављев со 15 одбрани, со 50% фатени топки од противниците. Гидсел имаше осум гола кај Фуксе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

