Кошаркарите на Босна се нови АБА лигаши откако во финалната серија во второто по ранг јадранско натпреварување славеа против словенечка Илирија со 2-1.
Во вечерашната мајсторка домаќините беа подобри од својот ривал со 88-74 Откако три четвртини се играше во егал, домаќините клучната разлика ја направија во последниот период кој го одиграа фуриозно и на крајот стигнаа до победа, со која и повеќе од заслужено се пласираа во елитата следната сезона.
Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Харис Делалиќ со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Паџен постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

