КК Феникс ќе дебитира во европските купови

Кошаркарскиот клуб Феникс е подготвен за свое европско деби, откако раководството на скопскиот прволигаш донесе одлука за чекор напред и учество на оваа екипа во ФИБА Европа Купот.

Последниот рок за пријавување е денеска, а челниците на Феникс веќе ја испратиле апликацијата и ќе бидат дел од квалификациите за ова европско натпреварување.

„Веќе во неколку наврати имаме потенцирано дека наша желба е да се развиваме како клуб од година во година. Произведуваме млади македонски кошаркари и наша цел е преку овој турнир тие кошаркари да почувствуваат и меѓународно искуство, што секако ќе им донесе напредок во кариерите“, изјави Денис Дервишевиќ, сопственик и тренер на КК Феникс.

За потсетување, овој клуб минатата сезона оствари историски успех со пласманот во финалето од Купот на Македонија, каде загуби од фаворитот МЗТ Скопје.

Се вчитува...