КК Гостивар е прв полуфиналист во Купот на Македонија

Кошаркарите на Гостивар се првите полуфиналисти на годинашниот Ф8 турнир во националниот куп на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ кој се игра во Гевгелија откако во четвртфиналето славеа над ТФТ со 62-72.

Првата четвртина помина во израмнета игра на двете страни по која за нијанса подобри беа гостиварци (18-17). Вториот период се одигра во егал, па на пауза меѓу двете полувремиња Гостивар остана на плус еден (33-32).

Клучната разлика ибраниците на Малинков ја направија во третата четвртина по која имаа двоцифрена педност (52-42). Во последниот период успеаја да ја задржат предноста за конечен триумф од 62-72.

Грушановиќ и Комагум со по 15 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 19 поени на Дарин Говенс.

Се вчитува...