КК Гостивар се засили со Вук Ѓорѓевиќ

Македонскиот кошаркарски прволигаш КК Гостивар доведе засилување во борбата за опстанок во Првата лига. Се работи за српскиот интернационалец Вук Ѓорѓевиќ кој потпиша договор со гостиварци до крајот на сезоната.

204 центиметри високиот кошаркар игра на позиција ниско крило, а во Гостивар доаѓа од грчкиот шампионат каде играше за Докса Лефкада.

Своето деби во дресот на Гостивар ќе го има во понеделник на дуелот против Кожув.

 

Се вчитува...