Кошаркарскиот клуб Маџари доби нов моќен спонзор во името на Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.
Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува посветеноста и придонесот во развојот на македонскиот спорт.
Преку ова партнерство, Видеолотарија ќе придонесе за унапредување на клубот, создавање подобри услови за играчите и поддршка на младите таленти во кошарката. Оваа соработка е дел од континуираните напори на компанијата да инвестира во спортот и заедницата.
„Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата и поддршка. Вашата помош ќе ни овозможи да ги реализираме нашите цели и амбиции-влез во Првата лига. Заедно градиме силен тим и светла иднина за македонската кошарка“ – изјавија од КК Маџари.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА