Партизан демантира ангажман на нов тренер: Во мислите ни е само Црвена Звезда

Кошаркарскиот клуб Партизан веднаш ги демантираше вестите од медиумите на нашиот северен сосед кои како наследник на легендарниот Жељко Обрадовиќ го именуваа Жоан Пенароја.

Белградските „црно-белите“ со соопштение ги демантираа шпекулациите велејќи дека целиот фокус е на вечното дерби со Црвена Звезда, а не на ангажманот на наследникот на легендата на клубот.

„Сите мисли ни се насмерени на дерби натпреварот со Црвена Звезда.

Немаме договор со нов тренер и овој пат апелираме до медиумите да не пренесуваат актуелни гласини. Клубот стабилно функционира со максимална поддршка кон актуелниот стручен штаб за време на подготовките за престојното дерби“, стои во дел од соопштението на КК Партизан.

Се вчитува...