Третиот натпревар од финалната серија помеѓу МЗТ Скопје и Пелситер не помина без инцидент откако при крајот на третата четвртина полицијата интервенираше над гостинските навивачи. На инцидентот му следеше и повлекување на гостинската екипа во соблекувалната, а по десетминутниот прекин се смирија страстите па натпреварот продолжи.
Околку целата ситуација денеска се огласи и кошаркаркиот клуб од Битола кој застана зад своите навивачи и ја обвини редарската служба како иницијатор на инцидентот.
„Соопштени до јавноста, во врска со инцидентот што се случи на трибините за време на натпреварот помеѓу КК МЗТ – КК ПЕЛИСТЕР
Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот. Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти. Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.
Во Петок ги повикуваме Чкембарите и Битолските љубетли на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала Боро Чурлевски и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка.Со Почит
КК Пелистер“, стои во соопштението на КК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

