KK Пелистер со популарни цени за сезонските билети

Кошаркарскиот клуб Пелистер пушти во продажба популарна цена за сезонските билети за наредната сезона, во која битолските „зелено-бели“ ќе се натпреваруваат во домашното првенство и во АБА2 лигата.

Како што пренесуваат од македонскиот вицешампион, цената за сезонската карта ќе биде само 2.000 денари. Поединечните цени на картите за домашниот шампионат ќе бидат 100 денари, додека за АБА 2 лигата 200 денари.

„Составен е квалитетен играчки ростер со тренер кој знае како се освојуваат трофеи, па веруваме дека се исполнети предусловите, за со Ваша поддршка да стигнеме до првиот пехар во клупската историја.
Затоа, се надеваме на полни трибини во салата „Боро Чурлевски“, за сите заедно да ги испишеме најуспешните страници во клупската историја. По одлука на управата, цените на билетите за следната сезона ќе изнесуваат: Сезонски билет за сите натпревари во Првата лига и во АБА 2 до крајот на сезоната – 2.000 денари Единечен билет за Првата лига – 100 денари. Единечен билет за АБА2 – 200 денари. Кошаркарска Битола заслужува трофеј, бидете сведоци на испишувањето на историјата“, стои во соопштението на КК Пелистер.

Се вчитува...