Кошаркарскиот клуб Работнички ги информираше љубителите на кошарката дека бројот на билетите за утрешното дерби со МЗТ Скопје Аеродром ќе биде лимитиран. Уште еднаш клубот упати и апел за фер и спортско навивање. Соопштението го објавуваме во целост…
Ве известуваме дека бројот на билети за неделното дерби помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје, од 19ч., ќе биде лимитиран. Сето ова е поради обезбедување на сите потребни услови за одигрување на натпреварот. За да не дозволиме да се случи некаков инцидент и да овозможиме безбедни услови за сите, Ве известуваме дека ќе има и строги контроли на секој од влезовите во салата „Градски Парк“. Упатуваме силен апел за фер и спортско навивање, во убав спортски амбиент да ги бодриме нашите кошаркари и утре да биде вистински празник на кошарката. Да докажеме дека знаеме и можеме достоинствено да навиваме и дека нашата публика е најдобрата на светот.
Ве информираме дека влезници ќе има само за трибина ,,А,, кои ќе можете да ги обезбедите во периодот од 16:30 до 18ч. со донации во кутиите кои ќе бидат поставени на видно место пред нашиот кошаркарски храм. Како и минатиот пат, така и сега, паричните средства собрани од овој натпревар ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Со почит и спортски поздрав,
Ваш КК Работнички
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА