Раководството на Работнички ја објаснува одлука за неприсуство на навивачи по реакциите на ТФТ.
Kако што велат од таборот на центарци одлуката за неприсуство и на двете навивачки групи е донесена по инструкции на Министерството за внатрешни работи.
„Сакаме да дадеме до знаење за одлуката за неприсуство на две навивачки групи не е наша, туку е донесена по инструкција на МВР. Имено салата во која играме е со само една трибина и нема начин да се гарантира безбедноста ако на неа се најдат две навивачки групи. Сакаме да потенцираме дека приврзаници на ТФТ може да дојдат и да го следат натпреварот без никаков проблем, забраната е само за навивачки групи бидејќи главна цел е безбедноста на сите во салата. Оваа забрана препорачана од полицијата важеше и за четвртфиналните дуели со Пелистер, а истата се однесува и сега за полуфиналето со ТФТ, свесни сме дека кошарката се игра за гледачи и сакаме полни сали, но во овој случај причината за неприсуство на две навивачки групи е објективна“, порачуваат од раководството на КК Работнички.
Натпреварот меѓу Работнички и ТФТ е закажан со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

