КК Тетекс реагира: Во Охрид не се победува кога има охридски судии (ФОТО)

Еден од најинтересните натпревари од седмото коло во Втората лига беше одигран во Охрид каде домашниот состав го пречека Тетекс. Натпреварот ги исполни очекувањата, имаше неизвесна завршница, за на крајот да се радуваат охриѓани.

Од гостинскиот табор се жалат на голема судиска неправда. Како што пренесуваат од тетовскиот клуб, серијата на грешки започнуваат со досудување на престап по тројка на Тетекс од осум метра уште во првото полувреме, а потоа и судење на лична грешка во напад од каде произлегуваат и поени за победа на домашниот состав.

ГКК ОХРИД – КК ТЕТЕКС 69-68
„Со делегат од Охрид и судија од Охрид тешко да добиеш натпревар во Охрид, катастрофа од судење, наскоро со докази и видео, значи наш играч шутира тројка од 8м. судиите судат престап 2поени, заден напад судат фаул во напад непостоечки, за да на крај им дадат две слободни фрлања за победа.. брука… Па во Тетово суди цела прва лига судии имаат сите судење прволигашко, за да идеш во Охрид во Битола во Струга и истите тројца судии да ти пресудуваат секоја утакмица .. срамота .. катастрофа“, реагираат тетовци на својот фејсбук профил.

Критиките од раководството на КК Тетекс продолжуваат со барање за реакција од челниците на КФСМ.

КФМ…. време е да реагирате, подолго време истите судии ја упропастуваат лигата, и не се мрднати повише од Струга, Охрид и Битола, значи време е да ги суспендирате и да не се во кошарката више!

 

А. Огненов, Д. Мицкоски, Х. Тасевски (Судии наши светски)

Па од 8м. шутира кај е престапот, значи порано немаше камере и праевте што сакате и бетер од ова имало, сега што праемо? Делегат Д. Трајчески од Охрид каква оцена ќе дадете? Ќе пријавите? Ќе реагирате? Срамота! Чиста кражба! – стои на Фејсбук профилот на КК Тетекс.

Се вчитува...