Раководството на Црвена Звезда се огласи преку соопштение по синоќешниот инцидент за време на дуелот со Олимпијакос, откако навивачите жестоко го исвиркуваа плејмејкерот Филип Човиќ, за по мечот останатите кошаркари да најават дека нема да продолжат да играат доколку такво нешто се повтори и во иднина.
„Црвена Звезда ја известува јавноста дека во такви услови и „амбиент’ што вештачки го создаваат организирани поединци, веќе нема да играме натпревари. Бидејќи е практично невозможно во таква атмосфера да се добиваат натпревар,и, особено не со ривали од највисок европски квалитет. Тоа е заеднички став на играчкиот кадар и на стручниот штаб, кој во следните денови ќе се обрати на јавноста. Сакаме да ставиме до знаење дека од 2011 година до ден денеска, кој ќе биде во тимот и колку ќе игра, е одлука исклучиво на стручниот штаб и главниот тренер, кои се платени за тоа. Сепак, добро осмислена мрежа и кампања преку јутјуб-емисии во кои се вклучени „хејтери“ на Звезда, со сите сили се обидува да ја изврти вистината. Објаснувањето е јасно – ова е долго градена стратегија за уривање на Црвена Звезда. Откако лани не минаа приказните за „банкомати“ и „милениче“ на оваа држава, сега се прави поинаков концепт“ – се вели во соопштението.
Управата на шампионот на АБА-лигата е убедено дека иницијаторите на немилите сцени не се приврзаници на „црвено-белите“ и јавно апелираше до вистинските фанови на Црвена Звезда да не наседнуваат на овие провокации.
„Сега веќе е јасно дека ова не е дело на „Делије“ и на нашите останати верни навивачи, туку на добро организирани инфилтрирани групи од некои други клубови. Тие имаат пред себе само една цел, да ја урнат оваа Црвена звезда, бидејќи не може да се истрпи фактот дека ова се „години на нашиот клуб“ и сакаат да ги урнат оние кои го вратија клубот онаму каде што припаѓа, по периодот во кој беше девеастиран и ставен во епизодна улога. Затоа, ги повикуваме сите наши добронамерни навивачи да не наседнуваат на ваквите провокации. Секој навивач со купениот билет за натпревар го помага работењето на клубот, но треба да е јасно – тоа што некој издвоил пари за билет не значи дека има право да лечи фрустрации над играчите на тимот што го поддржува, бидејќи ниту кошаркарите, ниту стручниот штаб, не се „вреќа за удирање“. Таквите луѓе не се ниту навивачи, ниту симпатизери. Вистинското име за нив од пристојнот нема да го изговориме“ – потенцираат од раководството на „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА