КК Вардар: Општина Центар врши дискриминација во корист на Работнички

Раководството на КК Вардар реагира поради односот на Општина Центар, јавно барајќи челниците на оваа општина да почнат рамномерно да ги распределуваат парите за спортските колективи. Општината раководи со КК Работнички, но „вардарци“ гласно се жалат на дискриминација бидејќи воопшто не добиваат средства, иако такво нешто им било ветено.

Соопштението на КК Вардар го пренесуваме во целост:

Спортот, пред се кошарката , во последните неколку години е спонзорирана главно од општините на чии територии е сопствениот клуб. Во услови на општа беспарица, финансиската општинска подршка е добродојдена. Ние како КК ВАРДАР, ќе се задржиме само на третманот на општина Центар на чија територија дејствуваме иако тоа може да се однесува до безмалку сите прволигашки екипи . Исклучок се само Блокотехна , Охрид и Фени кои имаат приватни спонзори.

Значи , сакаме да го изразиме нашето незадоволство од дискриминирачкиот однос на општина Центар кон сите други клубови на оваа територија освен кон КК Работнички.. Само овој клуб неколку години е спонзориран од општината , сите други се игнорирани и за нивниот опстанок не покажуваат никаква грижа. Средствата со кои располага општината се од граѓаните кои живеат на територијата . А по кој критериум ,користа ја има само ККР. И ние како и тие сме прволигаши . ККР не се натпреварува на меѓународна сцена. Лани беа прваци. А КК ВАРДАР веќе години по ред е шампион во сите младински категории. Нашите млади играчи се носители на младинските репрезентации на МКД на сите европски натпреварувања. Во нашиот клуб имаме единсвена политика на форсирање сопствени играчи од подмладокот. Така настапуваме и со сениорската екипа. Наспроти нас , ККР кој во минатото бил расадник на домашни играчи , сега со години нема создадено играч кој ќе биде носител на играта на клубот, но и на репрезентацијата .

Ова се само дел од показателите за тоа кој и како вложува во домашниот спорт. Затоа и го искажуваме нашиот револт кон односот на општина Центар кон кошарката, нивниот дискриминаторски однос, форсирањето само на еден клуб, запоставувајки ги сите други. Општина Центар нема право тоа да го прави со заеднички средства на сите граѓани , насочувајки ги само кон еден клуб. За крај да потсетиме уште еднаш, финансиската подршка од општината е добредојдена и е неопходна, но само рамномерно распоредена на сите клубови и спортски активности кои се наоѓаат на територија на општина Центар .

Сакаме да напоменеме дека само во овој момент , заради овие околности КК Вардар ги загуби своите играчи по разни клубови во Македонија и надвор (Лефковски , Манев , Нацевски , Пајиќ , Зекири , Мекиќ …., а од постарите Симоновски , Крстевски , Димчевски , браќата Стојановски ,….)
На кк ВАРДАР му е доволна ¼ од средствата кои ги добива КК Работнички , па да има резултати многу поубедливи и покорисни за Македонската кошарка . Сакаме да укажеме дека финансирањето од средствата добиени од даночните обврзници треба да се враќаат во издржани проекти , а над се проекти општествено корисни и правични .

КК ВАРДАР
Скопје

Се вчитува...