КК ВАРДАР: Во следните три години да се забранат странци во Првата лига!

По барањето на МЗТ Скопје Аеродром за намалување на бројот на странците во клубовите, кое беше поддржано и од МКФ, со свој став се огласија и од КК Вардар клубот кој изминативе години беше единствениот поборник за намалување на странските играчи и тоа кога немаше апсолутно никаква поддршка од останатите клубови, меѓу кои и од МЗТ Скопје.

Од КК Вардар сега се огласуваат со четири барања во кое меѓу другото бараат повторно детално да се разгледаат законските нормативи и точно да се одреди правниот статус на Акционерските друштва, дали се во државна, приватна или мешовита сопственост. Од КК Вардар прашуваат дали акционерските друштва во државна сопственост (ако се знае дека добар дел домашни прволигаши се финансиираат од општините) смеат и можат да плаќаат странски кошаркари?

СООПШТЕНИЕTO ОД КК ВАРДАР ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Се вчитува...