КЛ: Бодо/Глимт повторно ја шокираше Рома, реми на Лестер и ПСВ, Марсеј со еврогол до предност со Паок

Бодо/Глимт повторно му создаде маки на Жозе Мурињо откако во првиот четвртфинален натпревар од Конференциската лига славеше на домашен терен со 2-1 против фаворизираната „волчица“ и покрај тоа што гостите први поведоа преку Пелегрини во 43. минута.

Изедначување донесе Салтнес во 56. минута, а целосен пресврт Ветлесен во 89. минута. Интересно, ова е втор пораз на Рома од Бодо/Глимт оваа сезона по средбите во групната фаза, а Италијанците сеуште не знаат за победа против норвешкиот тим со оглед на тоа што вториот дуел во групната фаза заврши со реми.

Лестер и ПСВ ремизираа без голови во Англија па патникот ќе биде одлучен во Холандија, а нема да му биде лесно ниту на Марсеј на гостувањето во Грција против Паок и покрај тоа што има предност од 2-1 по првиот натпревар.

До предност Французите ги доведе Герсон во 13. минута, а предноста беше зголемена по евроголот на Паје во 45. минута. Сепак Грците успеаја да ја намалат негативата преку Ел Кадури во 48. минута и остана во игра за пласман во следната фаза. За вториот натпревар Марсеј нема да може да смета на Герсон кој заработи втор жолт картон во 94. минута.

Се вчитува...