Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Херера асистираше во ремито од 1-1 на Борац Бања Лука против грчки Панатинаикос во 1. коло од Конференциската лига на УЕФА.
Панатинаикос поведе со голот на Бакасетас уште во 11. минута, но Деспотовиќ во 50. минута израмни на 1-1 по слободниот удар изведен од капитенот Херера, поранешниот фудбалер на Работнички и Брегалница во македонското првенство.
Во првиот тим на Борац беше и репрезентативниот голман Дамјан Шишковски, а Бобан Николов во игра влезе во 67.минута од средбата.
Borac je izjednačio na 1:1 protiv Panatinaikosa golom Đorđa Despotovića #Borac #Panathinaikos #UCL #Despotovic pic.twitter.com/kX4pm6XiW4
— Mondo.ba Sport (@MondoBiHSport) October 3, 2024
Челси без никакви проблеми славеше со 4-2 против Гент, а триумф од 2-0 запиша Фиорентина против ТНС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА