Челси се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига, и покрај поразот на домашен терен од Легија Варшава од 1-2.
Сепак, победата од 3-0 на тимот од „Стемфорд бриџ“ на првиот натпревар, беше повеќе од доволно за пласман на Англичаните меѓу четирите најдобри екипи во третото по квалитет европско клупско натпреварување.
По израмнетото прво полувреме, Капуаиди со гол во второто полувреме донесе триумф од 1-2 за Легија Варшава.
Рапид Виена и Ѓурѓарден играа продолженија за пласман во полуфиналето, по кои шведски Ѓурѓарден обезбеди полуфинале откако на крај славеше со 1-4, со два гола во продолженијата. Претходно место во полуфинале обезбедија Бетис и Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА