КЛ: Челси славеше во Копенхаген, Панатинаикос триумфилно со Фиорентина

Екипата на Челси е на пат кон четвртфинале во Конференциската лига на УЕФА, откако славеше со 1-2 на гостувањето против Копенхаген во првиот натпревар од осминафиналето.

Англичаните поведоа со голот на Џејмс во 47. минута од средбата, а Фернандез во 65. минута зголеми и на 0-2.

Домашните успеаја само да го ублажат поразот со голот на Габриел Переира во 80. минута од натпреварот.

Панатинаикос со 3-2 триумфираше против Фиорентина пред своите навивачи. Грците до победата дојдоа со голот на Тете во 55. минута, откако претходно во првото полувреме на дуелот имаше дури четири погодоци (2-2).

Норвешки Молде ја победи Легија со 3-2, а Бетис и Виторија Гимараеш одиграа без победник (2-2).

 

Се вчитува...