КЛ: Чурлинов и Јагелонија поразени од Бетис, Фиорентина победи со Целје

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговата Јагелонија ќе имаат тешка задача на реваншот на домашен терен во битката за пласман во полуфиналето во Конференциската лига на УЕФА.

Јагелонија во првиот меч од четвртфиналето загуби со 2-0 на гостувањето против Бетис. Шпанскиот тим до победата дојде со два гола во првото полувреме.

Чурлинов  го одигра целиот натпревар за Јагелонија, и беше еден од најдобрите поединци во гостинскиот состав.

Фиорентина победи со 1-2 на гостувањето против Целје во Словенија, а Рапид Виена славеше исто така на гостински терен против шведски Ѓурѓарден со 0-1.

Се вчитува...