КЛ: Еврогол на Булат – Динамо Загреб со „петарда“ за Астана на Амановиќ (ВИДЕО)

Динамо Загреб дојде до убедлива победа од 5-1 против казахстанска Астана во 1. коло од Групата Ц во Конференциската лига на УЕФА.

„Модрите“ на „Максимир“ го скршија отпорот на гостите со голот од пенал на Бруно Петковиќ дури во 43. минута од средбата.

Во 53. минута Петковиќ со втор гол од пенал зголеми на 2-0, за да на 3-0 зголеми Марко Булат со одличен погодок директно од слободен удар. Гостите во финишот успеаја да постигнат гол за 3-1, за да Антонио Марин во 85. минута зголеми повторно на 4-1, а Халиловиќ во третата минута од судиското продолжение ги постави конечните 5-1.

Во составот на Астана сите 90 минути ги одигра македонскиот дефанзивец Алекса Амановиќ, а во редовите на Динамо поради повреда го немаше Стефан Ристовски, како и Аријан Адеми кој не е пријавен за европските натпревари на хрватскиот шампион.

Во вториот натпревар во групата Викторија Плзен славеше со 1-0 против косовски Балкани.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...