КЛ: Фиорентина го распарчи Ласк, Легија го претрпе првиот пораз

Фиорентина ја забележа четвртата победа во Конференциската лига откако во 5. коло на домашен терен славеше со преубедливи 7-0 над австрискиот претставник Ласк.

Италијанскиот тим голедата ја најави уште во првото полувреме во кое постигна три гола. Во 10. минута стрелаше Сотил, во 22. минута мрежата ја затресе Иконе, а во 39. до предност од 3-0 домашниот тим го доведе Ричардсон.

Сотил одново ја затресе мрежата во 58. минута за 4-0, „петардата“ ја донесе Мандрогора со гол во 69. минута, а до крајот на средбата автогол си постигна Стојковиќ и од пенал реализираше Гудмундсон.

Легиа Варшава го претрпе првиот пораз и воедно полскиот тим ги дозволи првите голови во сезоната откако загуби на домашен терен со 1-2 против Лугано.

Во останатите натпревари:

Басакшехир – Хајденхајм 3-1
Динамо Минск – Ларне 2-0
Копенхаген – Хартс 2-0
ХЈК – Молде 2-2
Ноа – Апоел 1-3
Петрокуб – Бетис 0-1

Се вчитува...