КЛ: Фиорентина стартуваше со победа, Целје убедливо со АЕК

Фиорентина стартуваше со победа во новата сезона од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Во првото коло, „виолетовите“ на домашен терен славеа против Сигма Оломуц со 2-0. Пиколи погоди уште во 27. минута за водство од 1-0, а конечнит 2-0 ги постави Ндур во последните секунди од средбата.

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов одигра 70 минути во дресот на Сигма Оломуц.

Убава победа забележаа и фудбалерите на Целје триумфирајќи со 3-1 против АЕК.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – 1. КОЛО

Абердин – Шахтјор 2-3

АЕК Ларнака – АЗ Алкмар 4-0

Целје – АЕК 3-1

Фиорентина – Сигма 2-0

Легија – Самсунспор 0-1

Раков – Крајова 2-0

Шелбурн – Хакен 0-0

Слован – Стразбур 1-2

Спарта Прага – Шамрок 4-1

Се вчитува...