КЛ: Нова победа за Чурлинов и Јагелонија, и Челси и Фиорентина максимално (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов на најдобар начин се врати по паузата поради повреда, партиципирајќи во победата на полската Јагелонија од 2-0 против Петрокуб во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА.

Чурлинов настапи од првата минута за својот тим кој до водство дојде со головите на Пулулу во 69. и во 72. минута. Македонскиот напаѓач настапи до 78.минута од средбата, напуштајќи ја играта откако се беше решено.

А, голема победа запиша и Борац Бања Лука, во чии редови играат Дамјан Шишковски и Бобан Николов. Тимот од БиХ триумфираше со 0-1 на гостувањето против АПОЕЛ со голот на Савиќ во 63.минута. Николов влезе во игра во 58.минута од средбата.

Челси и Фиорентина се максимални по два одиграни натпревари во Конференциската лига. Челси денеска славеше убедливо со 1-4 на гостувањето против Панатинаикос, а Фиорентина на гости победи со Сент Гален со 2-4.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – 2. КОЛО

АПОЕЛ – Борац Бања Лука 0-1

Целје – Башакшехир 5-1

Ѓурѓарден – Виторија Гимараеш 1-2

Гент – Молде 2-1

Хартс – Омонија 2-0

Јагелонија – Петрокуб 2-0

Ларне – Шамрок Роверс 1-4

Панатинаикос – Челси 1-4

Рапид – Ноа 1-0

Сент Гален – Фиорентина 2-4

Се вчитува...