Отварањето на новата сезона во Конференциската лига донесе возбудливи натпревари ширум Европа. Дел од фаворитите ги оправдаа очекувањата, но дел не успеаја да стигнат до трите бода во воведот на европската сцена.
Голеадата започна со головите на Калабиска во 5. и 19. минута за водство на домаќините од 2-0 на полувремето, но белградскиот состав веќе до 62. минута успеа да направи целосен пресврт (2-3) и покрај тоа што беше со играч помалку по црвениот картон на Белиќ. Козак во 83. минута изедначи на 3-3,
До шест броеја и фудбалерите на Вилјареал и Лех во натпреварот одигран во Шпанија. Скорас погоди во 2. минута за водство на гостите, но веќе до 40. минута Шпанците успеаја да поведат со 3-1 по двата гола на Чуквуезе и Баена. Овој резултат остана и до полувреме, а Исхак во два гола во 47. и 62. минута изедначи на 3-3. Херојот на домаќините беше Кокелан кој во 89. минута донесе предност од 4-3 и три бода.
Во останатите натпревари Андерлехт славеше против Сликеборг со 1-0, Австрија Виена и Шива одиграа 0-0, Балкани ремизираше против Клуж со 1-1, идентичен резултат беше забележан на средбата помеѓу Фиорентина и РФС, Бахчешехир со 0-4 славеше на гостувањето кај Хартс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

