КЛ: Партизан преку Спарта до осминафинале, во следната фаза и Бодо/Глимт, Лестер, Марсеј и ПСВ

Партизан се пласираше во осминафиналето од Конференциската лига откако на домашен терен славеше со 2-1 над чешката Спарта Прага. „Црно-белите“ стингаа до предност уште во 7. минута преку голот на Гомез, а истиот играч повторно ја затресе мрежата во 24. минута. Поразот го ублажи Адам Хложек во 85. минута.

Место во следната фаза осигураа и Бодо/Глимт кој по победата од 3-1 над Селтик во првиот меѓусебен натпревар сега славеше со 2-0. Домаќините до водство стигнаа во 8. минута преку Солбакен, а победата ја потврди Ветлесен во 69. минута.

По триумфот во Англија, Лестер стигна и до гостинска победа над данскиот Рандерс со 1-3. Барнс ја затресме мрежата уште во втората минута, а Мадисон ја потврди победата со два гола во 70. и 74. минута. Поразот го ублажи Одеј во 84. минута од мечот.

Марсеј повторно ја потврди фаворитската улога против Карабак славејќи со 0-3. Гаје го отвори мечот во 12. минута, а Гендузи во 77. минута и Де ла Фуенте во 92. минута ја потврдија убедливата победа.

ПСВ ја искористи предноста стекната на домашен терен (1-0) за по ремито против Макаби Тел Авив во Израел (1-1) да се пласира во следната фаза.

Се вчитува...