КЛ: Пресврт победа на Вест Хем, Пјуник без Спировски потфрли против Базел

Отварањето на новата сезона во Конференциската лига донесе возбудливи натпревари ширум Европа. Дел од фаворитите ги оправдаа очекувањата, но дел не успеаја да стигнат до трите бода во воведот на европската сцена.

Пресврт победа на домашен терен забележа Вест Хем кој славеше со 3-1 против Стеауа. Ромаците имаа предност од 0-1 на полувремето благодарение на Кордеа, но Боуен, Емерсон и Антонио не дозволија сензација.

Стефан Спировски и неговиот Пјуник загубија со 3-1 на гостувањето кај Базел. Македонскиот репрезентативец натпреварот го проследи од клупата и не доби шанса да му помогне на својот тим да победнички старт во групната фаза од европската сцена.

Аз Алкмар го доби гостувањето кај Днипро со 0-1, дуелот помеѓу Сиваспор и Славија Прага заврши со 1-1, а без голови завршија средбите помеѓу Молде и Генк, Шамрок и Џургарден, Слован и Жалгирис, и Вадуз – Аполон.

Се вчитува...