КЛ: Ројал Унион го шокираше Ајнтрахт, лесен пласман понатаму за Олимпијакос, Молде и Штурм

Познати се уште четири осминафиналисти во Конференциската лига на УЕФА по вечерашните реванш натпревари во четири европски градови.

Ројал Унион го елиминираше Ајнтрахт Франкфурт откако славеше на гостински терен со 1-2. Германците имаа поволен резултат по првиот меч, по ремито во Белгија, но не успеаја на домашен терен да обезбедат осминафинале во КЛ.

Олимпијакос, пак, со уште една идентична победа од 1-0, овој пат на гости, го елиминираше унгарски Ференцварош.

Без никакви проблеми пласман понатаму обезбеди и норвешки Молде откако со 0-3 на гости славеше против Легија Варшава, а во осминафиналето оди и Штурм по денешната победа од 0-1 на гостувањето против Слован Братислава.

Претходно, како што е познато, место во осминафиналето во КЛ обезбедија и Динамо Загреб, Ајакс и Сервет.

Се вчитува...