КЛ: Рома со стил се одмазди на Бодо/Глимт, во полуфиналето има место и за Марсеј и Фејнорд

Рома успеа да се одмазди на Бодо/Глимт за поразот во првиот меѓусебен натпревар од четвртфиналето во Конференциската лига со убедлива победа од 4-0 во Италија.

Рома тргна убедливо уште од 5. минута кога мрежата ја затресе Абрахам, а веќе до 29. минута „волчицата“ имаше предност од 3-0 со головите на Заниоло. Истиот играч го комплетираше хет-трикот во 49. минута.

Во следната фаза е и Марсеј кој по триумфот над Паок во Франција, славеше и на гостувањето во Грција со 0-1. Димитри Паје повторно беше херој на Марсеј, овој пат со гол во 34. минута.

Во полуфиналето е и Фејнорд кој по ремито од 3-3 на домашен терен, го доби гостувањто во Чешка против Славија Прага со 1-3.

По голеадата во Холандија, Фејнорд и Славија Прага тргнаа во ист стил и во Чешка. Десерс донесе предност за гостите уште во 2. минута, но веќе во 14. минута следеше изеднчување преку Траоре за резултатот 1-1 да остане на семафорот и на полувремето. Во 59. минута истиот играч донесе предност од 1-2 за гостите, за во 78. минута победата да ја потврди Синистера.

Рома, Марсеј и Фејнорд му се приклучија на Лестер во полуфиналето од разигрувањето за титула.

Се вчитува...