Интересни натпревари во шестото коло од Конференциската лига на УЕФА, во кое Челси само го потврди досегашниот максимален ефект со нова победа, овој пат убедлива од 5-1 против Шамрок Роверс.
Челси имаше водство од 4-1 уште по првото полувреме, и тоа со хет-трик на Гуиу. Во второто полувреме погоди и Кукуреља за конечни 5-1.
Но, натпреварот на вечерта, се чини, го одиграа фудбалерите на ТСЦ Бачка Топола кои триумфираа со 4-3 против ерменска Ноа, и тоа откако се до 75. минута имаа негатива од 1-3.
Но, во само во шест минути, од 75. до 81. минута постигнаа три гола, два на Ѓаковац и еден Пантовиќ за победа од 4-3.
Јагелонија на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра без голови пред домашните навивачи со екипата на Олимпија Љубљана. Чурлинов влезе во игра во 55. минута од средбата.
Без голови одигра и Борац Бања Лука на нашите Бобан Николов и Дамјан Шишковски против кипарска Омонија. Николов влезе во игра во 88. минута од средбата, а Шишковски остана на клупата за резервни играчи.
Но, и тројцата македонски интернационалци со своите екипи, обезбедија нокаут-фаза во Конференциската лига, во 1/16-финалето од третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА